Куршум во автомобилот на хрватскиот државен обвинител,Турудиќ

Во автомобилот на судијата на хрватскиот Вишиот кривичен суд и новоименуваниот главен државен обвинител на Хрватска, Иван Турудиќ, пукано е од огнено оружје, објави „Јутарњи лист“.

Според информациите кои ги објави хрватскиот весник, засега не се знае кој и кога пукал во возилото на контроверзниот хрватски обвинител кого го следат бројни афери.

Имено, се тврди дека Турудиќ забележал дупка во автомобилот и не знаејќи како настанала дупката, го однел возилото на сервис. А потоа автомеханичарите пронашле куршум во возилото, па станало јасно дека некој пукал во неговото возило.
Турудиќ веднаш пријавил сè во полиција, која веднаш почнала да го истражува случајот.

Поврзани објави
Total
0
Share