Курти за РСЕ: Не прифаќаме предлози за динарот кои се спротивни на уредбата на Централната Банка

Josep Borrell Fontelles (R), European Commission High Representative and Vice-President meets Albin Kurit (L), Kosovan Prime Minister, during the Security Conference in Munich, Germany on February 18, 2023.

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за РСЕ изјави дека нема да го прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка со која се забранува српската валута динарот во Косово. Тој не го прифаќа нацрт-документот за Заедница на општините со српско мнозинство, кој го подготвија Европејците, освен ако Вучиќ не се согласи да го потпише Основниот договор (според кој е предвидено создавање на заедницата).

Дали преиспитувате некој од американските предлози (за забрана на српскиот динар) што ви ги изнесе минатата недела американскиот заменик-помошник секретар Габриел Ескобар?

Што се однесува до прашањето за динарот наспроти еврото, одлучува Централната банка на Косово и тие веќе одлучија на 27 декември минатата година. Благодарение на нив, имаме нова регулатива која ќе го зајакне интегритетот на финансискиот систем за борба против недозволените активности за финансирање на тероризмот. Затоа, не можеме да дозволиме во нашата земја да доаѓаат вреќи со готовина. (Може да се случи) само преку финансиски официјални канали со целосна транспарентност, кој на кого испраќа и за каква цел. Ако има одредени тешкотии на теренот, имаме 10 чекори во тримесечен преоден период, повторно од Централната банка на Косово, која ќе ги реши тие пречки. И нашата влада е тука да и помогне на Централната банка на Косово. Косово мора да има централна банка.

Поврзани објави
Total
0
Share