Косовскиот премиер Албин Курти учествуваше на денешната Парада на гордоста, со што се стави крај на овогодинешната Недела на гордоста во Косово.Организирана од ЛГБТКЈУ+ заедницата, на парадата учествуваа клучни владини претставници, вклучително и министерката за правда Албулена Хаџиу, министерот за здравство Арбен Витија и министерот за култура Хајрула Чеку.
По парадата тој изјавил дека Косово гарантира еднаквост за сите граѓани и дека треба да се исклучат предрасудите.