Крмов до ВМРО-ДПМНЕ: Колку пратеници ви требаат за да не слугувате на Вреди?

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, жестоко ги нападна ВМРО-ДПМНЕ за предлогот Африм Гаши да биде нов претседател на Собранието тврдејќи дека во изминатите четири години не зел збор ниту еднаш , а само еднаш влегол во вербален дуел на некоја од комисиите во парламентот. Според него Гаши ниту има искуство за оваа позиција, ниту пак има зад себе пратеници за да ја заслужува – бидејќи во Собранието се избрани само двајца членови од неговата партија Алтернатива. Гаши, смета тој, ќе биде полош како спикер на Собранието и од Талат Џафери, бидејќи не ни знае во што се впушта. 

-Колку пратеници ви требаат ако 61 не ви се доволни  за да ја земете најважната позиција во државата? – праша Крмов, прашувајќи како на ваков начин е исполнета волјата на македонскиот народ ако со ваква пратеничка моќ му слугуваат на Вреди и потклекнуваат пред нивните уцени. 

-Баравте од гласачите 61 пратеник за да не ве уценуваат ДУИ, сега на првата пречка  потклекнавте пред Вреди, рече Крмов, заклучувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ капитулирало пред албанските политички партии исто како СДСМ.

Поврзани објави
Total
0
Share