Костадиновска Стојчевска ја покажа пријавата против Гаши

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска објави дел од документираната пријава против новоизбраниот претседател на Собранието, Африм Гаши, која ја поднесе до инспекциските служби во нејзиниот ресор. 

Според Костадиновска Стојчевска, Гаши го прекршил Законот за заштита на македонскиот јазик со тоа што свечената заклетва во Собранието ја дал прво на албански јазик.

„Партиската математика на ВМРО им е поважна од тоа македонскиот јазик да биде прв официјален јазик.

Тврдењето на очигледно лошо брифираниот колега од ВМРО-ДПМНЕ дека сум дала претставка до непостоечки инспекторат е уште една нивна лага упатена кон граѓаните.

Претставката која преку архива уредно ја поднесов до Секторот за управен и инспекциски надзор при Министерство за култура, кое според Член 21 од Законот за македонски јазик го врши надзорот над спроведувањето на овој закон и на прописите донесени врз основа на овој закон.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш ништо не направиле за македонскиот јазик. Од тука нека не се изненадуваат граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ молчи на гафот на Гаши.

Со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме после 18 години и сите механизми кои произлегуваат од ова законско решение, ВМРО-ДПМНЕ сега имаат можност да покажат барем еднаш дека се грижат за македонскиот јазик и негова правилна употреба“, реагираше утрово министерката.

Поврзани објави
Total
0
Share