Костадиновска-Стојчевска за КЛАН ТВ:На изборите ќе се соочат два блока, проевропски  и оној кој блокира се во државата

СДСМ е отворен за соработка и коалицирање со сите оние со кои делат исти вредности а тоа е полноправно членство во Европската Унија. На овие избори, рече Костадиновска –Стојчевска, ќе се соочат два блока, проевропски и блок кој ги кочи сите процеси и реформи. СДСМ е државотворна партија а одлуката за коалицирање ќе се носи пред највисоките партиски тела.

,, За да имаме напредок треба  да имаме отворени карти и секој од нас да каже  што нуди. Ние не се откажуваме од патот кон ЕУ и сакаме да ја видиме државата како полноправна членка на големото европско семејство. Здраво е да се искаже критика.Здраво е да кажеме дека можеме да направиме уште повеќе. Убедени сме  дека граѓаните повторно ќе ни ја дадат довербата”,потенцира Костадиноска-Стојчевска.

Осврнувајќи се на состојбите во културата, министерката порача дека  културата треба  да обединува а не да се става партиски предзнак.

,, Зошто е тој порив кај ВМРО ДПМНЕ да ја злоупотребува културата. Ние го промовиравме концептот ,,Едно општество за сите “. Ми пречи кога опозицијата ја дели културата по етнички клуч. Државата после 12 години ја извадивме од една слика,каде вработените не смееле да дискутираат еден со друг, особено за платите кои сега се зголемени за 43%. Во Министерството за култура се негуваат сите етникуми според квалитет. Нема мешање во програмите на националните установи. Во културата к,лучот е само квалитет.Имаме многу богата културна сцена која се обидуваме да ја одржиме соодветно”, рече Костадиновска-Стојчевска.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share