Конститутивна седница на новиот парламентарен состав

Денеска се конституира 11-от парламент во независна Македонија. Седницата е ограничена на најмногу три дена, согласно новиот деловник.

Ќе се верификуваат мандатите на пратениците, треба да се избере и претседател на собранието. Во пратеничките клупи треба да седнат и шестмина претставници на техничката извршна власт.

Сите министри на СДСМ кои се избрани за пратеници ќе ги напуштаат министерските ресори, потврди досегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска во Топ Тема на Телма.

Бидејќи, како што рече таа, според Уставот и Изборниот законик функцијата пратеник е неспоива со друга функција.

Нивните функции до изборот на нова влада ќе ги вршат замениците министри.

Дел од законодавната власт треба да станат и шестмина претставници на техничката извршна власт.

Покрај министрите Фатмир Битиќи, Илир Демири, Љупчо Николовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадинова-Стојчевска и на техничкиот премиер Талат Џафери денеска треба да му биде конституиран пратеничкиот мандат.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share