Конвенција на ЗНАМ, претставени носителите на пратеничките листи

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Скопје одржа Конвенција на која беа претставени кандидатот за Претседател на државата и носителите на пратеничките листи во шесте изборни единици.

На Конвенциајата пред неколкуте илјади присутни граѓани, членови на партијата и симпатизери, се обрати Претседателот на Движењето и кандидат за Претседател на државата, Максим Димитриевски.„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е нов политичкчи субјект, но има сила, визија и е субјектот што ја носи промената на политичката сцена на Македонија“, рече Димитриевски и додаде: „Време е почитувани црно-сивиот свет да исчезне од Македонија. Ги доведоа Македонците во сопствената држава да се чувствуваат како граѓани од втор ред, наметнувајќи наратив дека Македонија е биетничка држава, држава на две мнозинства и многу малцинства. Ги доведоа во прашање основните обележја на македонскиот народ – националниот идентитет, јазикот, културата, националната историја. Не доведоа во позиција во 21 век да се докажуваме кои сме и што сме. Направија и прават грабеж и распродажба на националното богатство.И она што е најпоразително придонесоа граѓаните да не си ја сакаат државата и да заминуваат гледајќи ја иднината надвор од границите на Македонија“.Димитриевски потенцира дека за нормалното функционирање на државата голема важност има и дефинирањето на соживотот во Македонија и да се гради реално мултиетничко, а не биетничко општество, како што некој се обидува тоа во континуитет да го наметне, а граѓаните мора да се интегрираат во општеството, да се разбираат и да живеат во слога и заедништво.

Поврзани објави
Total
0
Share