Колони на возила е сликата денеска на граничниот премин Богородица. Македонските граѓани, како и останатите странски туристи, чекаат дури по еден час, за да ја преминат границата и да влезат во Грција.За многумина од Македонците, Први мај како и Велигденските празници се причина да го спојат продолжениот викенд и истиот да го искористат надвор од границите на државата.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.