Ковачевски: Oва е година на многу важни одлуки

ГРУБИ: ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ МУ ДАВА КРАЈ НА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Членството во Европската Унија не е и не може да биде предизборно ветување кое никогаш нема да се исполни. Си дадовме задача да го постигнеме до 2030 година, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на годишната владина конференција. Тој порача дека земјата повторно е исправена пред важни одлуки за европската иднина.

“Сега сме исправени пред некои одлуки. Неопходни, вистинити, за некои лесни, за некои потешки. Но, за сите нас, одлуки кои носат одговорност. Бидејќи оваа година е и година на многу важни внатрешни, локални одлуки. Како, со кого и на кој начин, колку брзо и квалитетно ќе продолжиме по патот на напредокот. Токму 2024 година е клучна година за забрзување на реформите и забрзана интеграција на европскиот заеднички пазар пред полноправно членство во ЕУ“, Димитар Kовачевски.

Во меѓувреме, вицепремиериот Артан Груби, говорејќи за руското влијание, рече дека со текот на годините нашата земја се соочува со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност, а тоа е Русија.

“Имаме руски експоненти насекаде, да ја нарушат добрата функција на оваа влада и доброто пријателство со сите наши сојузници, затоа со Европскиот Фронт ги здружуваме силите и го чуваме она што го создадовме со нашите напори, соработуваме за да изградиме подобра иднина, состојба на држава со плута за  сите. Денес нашата земја е партнер на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, така што само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја“, Артан Груби.

Тој додаде дека американскиот дипломат О’Брајан вчера од Скопје истакна колку се важни за нас САД и Европа, па зависи од сите нас заедно, каде и како ја сакаме нашата заедничка земја./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share