Ковачевски: Jа имаме германската поддршка – нема да има други блокади!

“Очекувам добра соработка со новата бугарска влада“

Од Бугарија не може да има дополнителни блокади поради билатерални прашања бидејќи тие се решени со договорот – изјави премиерот Димитар Ковачевски, пренесува КланМ.

Според него, пораката на германскиот канцелар Шолц беше јасна дека Германија останува еден од најголемите поддржувачи на земјите од Западен Балкан.

“Втората меѓувладина конференција ќе се одржи без друга дополнителна одлука, по усвојувањето на уставните измени и завршувањето на скрининг процесот, а практично германскиот канцелар ги повтори овие гаранции кои се веќе во преговарачка рамка. Не може да има други услови и тоа што ЕУ мораше да го направи – го направи, а тоа што треба ние да го направиме, верувам дека ќе го направиме“, изјави Ковачевски.

Бугарија мора на сите нивоа на политичко дејствување да покаже дека е посветена на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ – рече Ковачевски, како што пренесува КланМ, верувајќи дека на тоа се залагаат сите партии од коалициската влада во Бугарија.

Запрашан дали планира средба со новата бугарска влада, Ковачевски нагласи дека телефонски разговарал со новиот премиер Николај Денков и дека очекува да се сретне со него на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија./КланМакедонија

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share