Ковачевски: 8 Септември 2023 повикува на континуитет во развојот за подобар живот на сегашните и идните генерации

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати и со видео порака, во чест на денешниот голем државен празник 8 Септември, со којашто на сите граѓани во државата го честита Денот на независноста на Републиката.

Во продолжение е интегралниот текст од видео обраќањето на премиерот Ковачевски.

„Денешниот 8 Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година.

На овој датум, пред 32 години, огромно мнозинство од граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во независна, самостојна, суверена и прогресивна држава.

Генерациите од 1991-та година, ги водеше гласот за слобода, државност и интеграција, што одекнува од Илинден 903-та и АСНОМ 44-та година. И тие одговорија со граѓанска и политичка одговорност кон аманетот и перспективите.

32 години по прогласената независност на нашата Република, Гласникот на слободата, 8 Септември, денес бара слух од сите нас, за континуиран развој.

Денешниот 8 Септември повикува на слободно одлучување како демократска должност, за подобар живот на сегашните и идните генерации.

Со разумни и храбри одлуки нашата држава дојде до независност по мирен пат и притоа ја сочува унитарноста. Воведовме своја државна валута. Знаме. Химна. Станавме членка на Обединетите нации. Надминавме воен кофликт. Станавме членка на НАТО. Отпочнавме преговори со Европската Унија.

Денес живееме во држава со осигурани територијални граници. Со признаен македонски јазик и македонски идентитет. Држава којашто е пример за почитување на човековите права, како успешна, мултиетничка и мултикултурна функционална демократија. Европа во мало.

Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес.

Интеграцијата во ЕУ за нас дома значи уште погoлeми плати, нови работни места и поголем избор, повеќе современи градинки, училишта и болници, многу поголема државна поддршка за домашните претпријатија, уште повеќе странски инвестиции. Граѓаните денес сакаат да живеат во ваква, современа држава, којашто е дел од Европската Унија.

Почитувани граѓани – нека ни е честит и вековит 8 Септември – Гласник на слободата!“.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share