Ковачевски: Црното сценарио на ВМРО-ДПМНЕ нема да се исполни

На вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски порча дека неговата партија и Коалицијата за европска Македонија се единствена опција со единствен јасен план за интеграција за европска иднина на државата.

,,Ние нудиме јасен план и визија како до 2030 година Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ. Од другата страна се нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност, ниту пак волја нешто да направат во тој дел. Тие единствено знаат да се откажат, да ги обвинат граѓаните, да ги обвинат дека тие се криви, да ги раскараат различните етнички заедници, да се раскараат со соседите, да ја заглават државата во изолација и на крај сите да бидат виновни освен тие. Тоа го гледавме 11 години. Затоа, во овие времиња, вашата поддршка е најважна. Важен е секој глас што ќе им овозможи на нашите деца да имаат подобра и побезбедна иднина во земја членка на ЕУ “,рече Ковачевски.

Тој кажа дека изборот на овие двојни избори е јасен и ја побара поддршката од граѓаните за претседателските и за парламентарните избори.

,,Изборот е кристално јасен. На 8-ми мај одлучувате помеѓу надеж за подобра, европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање кон темното режимско минато со ВМРО-ПМНЕ. Ние во СДСМ и нашиот претседателски кандидат Стево Пендаровски имаме прогресивни идеи и јасна визија за европска иднина на државата. Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ ќе го одолговлекуваат европскиот пат “ порача Ковачевски.

Тој на митингот во Гевглеија ги посочи клучните ветувања за следниот мандат.

,,Она што го ветуваме за мандатот 2024-2028 година тоа е просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари и просечна од 30.000 денари, 200 евра финансиска поддршка за сите нововработени млади до 29 години, нова финансиска помош во поголеми износи за млади земјоделци, зголемена помош за земјоделството 1,35 милијарди евра за четири години и зголемување на финансиска помош за компаниите од 100 на 180 милиони евра “, рече Ковачевски.

Тој додаде дека до крајот на следниот мандат, односно до 2028 година стапката на невработеност ќе биде едноцифрена.

-Невработеноста ќе биде 7 отсто до крај на мандатот – рече Ковачевски.

Според лидерот на СДСМ, клучното прашање на овие избори е одлуката за иднината на државата.

,,Овие денови се потврди пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирањето лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните. Овие добро познати методи од времето на Никола Груевски, сега се спроведуваат ама од неговиот верен ученик Христијан Мицкоски. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим и многу далеку од Европа. Тоа црно сценарио за иднината на нашите деца нема да се исполни” потенцира Ковачевски.

Тој ги повика присутните на претстојните избори да дадат поддршка за бројот еден.

Поврзани објави
Total
0
Share