Ковачевски: „уставните измени ќе бидат доставени до собранието во текот на следните две недели“

“И да не поминат уставните измени, нема да има избори на есен“

Премиерот Димитар Ковачевски предупреди дека предлог иницијатива ќе биде доставена до Собранието во наредните две недели, со што ќе започне собраниската процедура за нивно гласање. Тој рече дека амандманите ќе бидат објавени, по разгледувањето од страна на Владата.

Кога амандманите на Уставот ќе бидат разгледани од страна на Владата, тие ќе бидат јавно објавени и тогаш сите граѓани ќе можат да се уверат дека се работи за технички амандмани со кои нешто што е веќе факт во Уставот, според на она што го велат најголемите експерти во државата, дополнително ќе се одлучува во Уставот во деловите на другите народи кои живеат во државата, изјави Ковачевски.

Ковачевски не дава информации дали повторно се сретнал со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дали ја обезбедил поддршката од опозицијата. Но, тој децидно изјави дека и да не се изгласаат уставните амандмани, на есен нема да има предвремени избори.

“Процесот на уставните измени не е поврзан со мандатот на Владата, тој е поврзан со евроинтеграциите на државата и  обврска на секоја политичка партија е да ги поддржи евроинтеграциите“, вели Ковачевски.

Двајцата македонски лидери Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски на 7 јуни одржаа средба во четири очи на која се разговараше за уставните измени. Ковачевски му понуди на Мицкоски учество во Владата, во замена за поддршка за уставните измени, со кои СДСМ би му врачил 5 од 10-те министерски позиции. Но, Мицкоски рече дека ќе го прифати ова, доколку ДУИ нема да биде во Владата и ако важат евентуалните уставни измени по членството на земјата во ЕУ./КланМакедонија

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share