Сакам да ѝ порачам на албанската заедница. Ова е и ваша земја. Никој не може да ви ги земе правата. Тие се запишани во Уставот. Но, вие имате и одговорност. Ако се надевате дека некое незадоволство ќе се претвори во насилство, се лажете. Прво граѓаните нема да го дозволат тоа. Никој здраворазумен нема да го дозволи тоа“, рече лидерот на СДСМНо, рече дека сака да му порача и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, „внимателно по патот кој сте го фатиле“Овие денови, а посебно вчера, растат тензиите за изборите. И има причина за тоа. Овие избори се клучни за нашата однина. Овие избори се глас за или против нашата европска иднина. Овие избори не се бисквити и гурабии и мене тоа воопшто не ми е смешно. Кога ќе слушнам заканувачки тонови, веднаш ме потсетува на она што се случи пред 20 и кусур години по планините околу нас.Ова денеска на својот митинг во Велес го изјави лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, и носител во Изборната единица 1, осврнувајќи се на заострената реторика меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои вчеравечер и денеска си разменија пораки еден на друг.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57