Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски

На изборната Конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека Пендаровски е прогрсивен претседател кој покажал лидерство и затоа тој денеска има широка поддршка.„Вечерва со нас се нашите коалициски партнери кои ги споделуваат вредностите за економски напредок, слобода, правда, солидарност и еднаквост. Сите тие застануваат и зад кандидатурата на Пендаровски, бидејќи знаат дека го имаме најдобриот кандидат за претседател.Ковачевски ги повика граѓаните, прво на 24 април, а потоа и на 8 мај да дадат поддршка за Стево Пендаровски.„Вечерва, тука од Скопје, ве повикувам сите да го поддржиме нашиот претседател Стево во првиот круг на 24 април и да покажеме дека Македонија сака лидер кој верува во европските вредности и во прогресивната иднина. А на 8-ми мај да ја прогласиме конечната победа за европска Македонија победата на Стево Пендаровски, нашиот претседател, и победата на Коалицијата за европска иднина. Единствениот пат кој води од тука е до победа! Одиме на победа! Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа. Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината“ порача Ковачевски.

Поврзани објави
Total
0
Share