Ковачевски очекува двојна победа на изборите

Листите претходно едногласно биле прифатени на Извршниот и Централениот Одбор, а од партијата ги демантираа информациите за наводно незадоволство.Носител на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП.

Во втората изборна единица прв е Оливер Спасовски, а зад него Фатмир Битиќи, во третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири.Во обраќњето во отворениот дел од Конгресот, лидерот на партијата Ковачевски рече дека очекува двојна победа на изборите.Вети дека во следниот мандат на СДСМ просечната плата во државата ќе достигне 1.100 евра, а до 2028 година ќе завршат преговорите за членство во ЕУ. Упати и низа критики на адреса на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги дека немаат никаков план за иднината на државата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share