Ковачевски, Османи и Маричиќ на работна вечера со Агелер и Ескобар

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ вечерва беа на работна вечера со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Фотографиите ги објави министерот Османи, со куса изјава:  „Работна вечера со Габриел Ескобар“ .

Ескобар е во дводневна постеа на Македонија, а таа беше најавена откако почна процесот за уставни измени со кои Бугарите треба да се внесат во уставот.

По собраниската расправа за предлог амандманите за измени на Уставот, собранискиот спикер талат џафери ја прекина седницата, бидејќи немаше обиезбедно двотретинско мнозинство за нивно усвојување.

Американскиот заменик-помошникот државен секретар вчера се сретна со претседателот Стево Пендаровски. За денес во 10.45 часот е најавена заедничка прес конференција со премиерот Ковачевски, а на пладне тој треба да се сретне со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share