Ковачевски му ја предаде должноста на новоименуваниот премиер Tалат Џафери

Досегашниот премиер на државата Димтар Ковачевски денеска му ја предаде должноста на новоименуваниот премиер Талат Џафери. По церемонијата на примо-предавањето на должноста, двајцата лидери одржаа уште една тет-а-тет средба.

На заедничката прес-конференција одржана по средбата, двајцата лидери ја истакнаа важноста на организирање и спроведување на мирни, фер и демократски избори. Ковачевски ги повика политичките сили во земјава на обединување, за да може земјата да ја постигне стратешката цел да стане полноправна членка на ЕУ до 2030 година.

“Европската коалиција во оваа Влада ќе биде столбот на европската сегашност и европската иднина на сите граѓани. Во име на ова си подадовме рака и бараме поддршка од сите прогресивни сили да продолжиме во овој пат! Да биде подобро за сите, да биде подобро пред се за младите и за идните генерации!“, Димитар Ковачевски.

Во меѓувреме, Џафери рече дека покрај подготовката, организацијата и спроведувањето на слободни, фер и демократски претседателски и парламентарни избори, приоритет на оваа влада останува и одржувањето и унапредувањето на стратешкото партнерство на земјата со прозападните сојузници.

“Европската интеграција и исполнувањето на обврските кои произлегуваат од започнатите преговори и билатералниот скрининг процес, како што се Патоказот за реформи во јавната администрација и за поглавјата за владеење на правото со Акцискиот план, составувањето на Патоказот за функционирањето на демократските институции, за целосна и забрзана интеграција и полноправно зачленување во Европската Унија до 2030 година, се исто така високо на агендата на Владата“, Талат Џафери.

Потсетуваме дека техничката влада, која произлегува од договорот од Пержино, има мандат од 100 дена, со ограничени овластувања и е должна да ги организира претседателските и парламентарните избори, начелно со демократските стандарди и препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг заедно со парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај./КlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share