Ковачевски и Мицкоски со меѓусебни обвинувања: Кој е за европската агенда, а кој против?

Оценувајќи ја неодамнешната изјава на Мицкоски како фрапантна, премиерот Ковачевски го прозва неговиот опонент да објасни што е разликата меѓу европската и македонската агенда, а кажа и дека историски во пракса ВМРО-ДПМНЕ во континуитет работи против евроатлантските интеграции на државата. Претседателот на опозициската партија пак одговори дека за побрзо да се стигне до Европската Унија, треба што побрзо да се распушти парламентот и да има предвремени избори..

-Она што е најфрапантно е дека ние за првпат имаме политичар по 32 години независност, кој во јавна изјава вели дека европската агенда не е иста со македонската агенда. Тоа досега ниту еден политичар во државата не го кажал. На почетокот на оваа недела претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека европската агенда не е иста со македонската агенда. Тоа значи дека тој има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата и треба да го објасни, истакна Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Претседателот Стево Пендаровски во синоќешното „Само интервју“ оцени дека промената на Уставот како преземена обврска со преговарачката рамка, нема да значи ништо повеќе од техничка интервенција.. Според него, ако сега Собранието не ги изгласа, нема да се случи војна, но Македонија ќе изгуби драгоцено време во кое на сите полиња ќе има стагнација…

-Ако имаш сега седум народи, делови од народи, треба да додадеш уште шест, тоа е техничка промена бидејќи веќе ги имаш тие категории во уставот ставени. Знаете што е политичка, а не техничка – рамковниот договор, кој со 15 амандмани во еден дел се видоизмени уставно-правниот систем на Македонија. План Б оваа Влада нема. Планот Б е планот А, а тоа е да се обидеме да направиме компромис, затоа што утре и да се промени власта, ако се држат до она што го зборуваат јавно (сакаме во Европа), и тие ќе доаѓаат кај утрешната опозиција и ќе ги молат за истото, вели Стево Пендаровски – претседател на Македонија.

Пленарната седница за отворање на уставот почнува на 18ти август, може да трае најмногу 10 дена, но собранискот спикер Џафери најави дека ќе се гласа тогаш кога ќе има обезбедено двотретинско мнозинство.. Според пресметките, на власта и недостасуваат најмалку осум пратеници за да стигне до неопходната бројка од 80 гласа..

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share