Ковачевски: Искрите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ многу лесно може да ги потпалат тензиите кои ги затрупавме во минатото

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и носител на листа во Изборната единица 1, Димитар Ковачевски од митингот на „Коалицијата за европска иднина“ во скопската Општина Центар порача дека СДСМ е силна партија и ако некој, како што рече, гаи илузии дека така лесно ќе се откажат од борбата, тогаш или не ги познава или ги потценува.Ковачевски, говорејќи пред центарци, се осврна и на, како што рече, искрите кои деновиве ги гледа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за кои рече, „многу лесно може да ги потпалат тензиите кои успешно ги затрупавме во минатото“.

Затоа имам порака и до Македонците и до Албанците и до сите останати етнички заедници во Македонија – не дозволувајте да го растуриме мултиетничкото ткиво на нашето општество кое макотрпно го градиме три децении и кое успеавме да го унапредиме во последните седум години“,рече Ковачевски.Лидерот на СДСМ упати и порака до „Европскиот фронт“ предводен од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Сакам да им порачам и на ‘Европскиот фронт’, како што се нарекуваат, дека не се прави европски фронт без ниту едно европско знаме и со извици од едно анахроно време од пред 24 години. Бидејќи Европа е иднината, а тие извици се на минатото“,додаде тој.

Поврзани објави
Total
0
Share