Ковачевски за ЗНАМ: Многу е лесно да гласаш против своите, тешко е да гласаш против политичкиот противник

Ние повикуваме на обединување на сите прогресивни сили кои што се за програмата предложена од нас која што програма ги има апсертирано и ги има наведено сите грешки кои што биле направени во изминатите 7 години, порача синоќа лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Според екс-премиерот, „многу е лесно да се гласа против своите, но во тој случај не може да се биде победник“, мислејќи на гласовите што заминаа на контото на ЗНАМ на кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Ковачевски тврди дека има и роднини кои што сега едниот е во СДСМ, а другиот е во ЗНАМ.

„Всушност тоа се гласови кои што практично беа незадоволни од политиките на СДСМ пред се внатрешно, веројатно поради однесувањето на дел од некои наши другари. Ги земам предвид и тие кои го искажаа својот револт и гласаа за партијата ЗНАМ. Практично тие гласаа против своите. Многу е лесно да гласаш против своите, тешко е да гласаш против политичкиот противник, бидејќи кога гласате против своите вие на крај на денот не можете да бидете победник“, потенцираше Ковачевски за емисијата „360 степени“ на МРТ.

Тој додаде дека секој глас што го намалува потенцијалот на СДСМ, ја зголемува разликата со ВМРО ДПМНЕ.

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски освои вкупно 83.787 или 9,26% од гласовите.

Поврзани објави
Total
0
Share