Ковачевски: ЕУ е единствениот начин за обезбедување суштински промени во македонското општество

Европскиот пат и членството во ЕУ, се единствениот начин како да се обезбедат суштински промени во македонското општество, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачавески, на денешната заедничка прес-конференција со европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер.

Ни треба продолжувањето на добрите политики кои ги започнавме. Ни треба продолжување на европскиот пат и членството во Европската Унија. Не само заради членство, туку заради тоа што граѓаните сакаат да имаат држава со подобар животен стандард, со подобро образование, со подобро здравство, со подобро владеење на правото, со помалку корупција, односно држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните“, рече Ковачевски.

Поврзани објави
Total
0
Share