Ковачевски: Дел од коалицијата, од албанските, но и од македонските партии, ја преминаа црвената линија и од етничките прашања направија бизнис

,,Решени сме да ставиме крај на личните богатења, предметите во фиока и системските неправди. Ако беше, доста беше. И нема повеќе одложување на ветингот. Кој сака коменсар нека се јави, одложување на ветингот повеќе нема да има. Секој што сака да биде на позиција ќе мора да докаже од каде му е имотот, како го заработил, како од плата успеал да купи куќи и скапи автомобили. Ќе има ветинг за судиите и обвинителите, но и за пратениците, министрите, директоритие и другите раководите. И нема друга начин како да воведеме ред. Само така ќе потврдиме дека се залагаме за европски вредности“, рече претседателот на СДСМ и носител на ИЕ 1,Ковачевски.

,,Ние не сме направени од лажните чоколади на Груевски, Мицковски и Ставревски, ниту од лажните стиропор и барок на Груевски, па да не стопи еден дожд. Сакам да ве замолам да ги тргнете чадорите барем на момент и да види платениот Национален сервис, платен од партиски пари колку не има овде за европска Македонија-вака денеска го започна говорот претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на митингот на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, кој се одржа пред зградата на Европската Унија во Скопје, посочувајќи што се направиле изминатите седум години водејќи ја власта во државата.Македонија е европска држава и ќе биде член на ЕУ. Ние заслужуваме да бидеме дел од Европа. Порачуваме дека нема откажување од подобар живот, просперитет и напредок“,рече Ковачевски.

Поврзани објави
Total
0
Share