Ковачевски:Ова е последниот повик за Европа!

Двојните избори на 8-ми се последниот повик за Европа и од тоа, нема да се откажеме, изјави лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на завршниот митинг во Скопје.– Исто како што не се откажавме изминативе седум години кога се соочивме со многу предизвици. Кога се боревме со сите кризи, со пандемијата, со инфлацијата, со енергетските проблеми! Знаете и самите дека имавме многу подеми и многу падови. Но, во ниту еден момент, ниту се откажавме, ниту се предадовме, ниту се повлековме. Бевме рамо до рамо со граѓаните – рече Ковачевски.

Тој им порача на социјалдемократите да бидат горди и затоа што ние никогаш како партија не се откажале кога требало да се донесат тешки одлуки за државата да се оди напред.Ковачевски рече и дека не бегаат од одговорност и свесни се за кадровските, политичките и коалициските грешки.

Поврзани објави
Total
0
Share