Европски фронт достави приговор до ДИК за прегласувањето во Ларце

Доставен е приговор од коалицијата „Европски фронт“ за прегласувањето на избирачкото место 2021 во селото Ларце, Општина Желино, соопштуваат од Државната изборна комисија (ДИК).

Други приговори за прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во изборните единици 5 и 6, не пристигнале.

Во рок од 72 часа од пристигнувањето на приговорот ДИК е должна да донесе одлука. На решението од ДИК, кандидатите имаат право да поднесат тужба до Управниот суд, кој по приемот во тек на 48 часа треба да одлучи по неа.Прегласувањето на парламентарните избори во изборната единица 6 ја намали разликата на освоени мандати на двете коалиции кои ги претставуваат Албанците во државата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share