Клоп: Прв пат оваа сезона го видов мојот тим да се мачи

Јирген Клоп не го криеше разочарувањето откако неговиот тим во драматичен дуел загуби од Манчестер Јунајтед со 4-3, со што Ливерпул беше елиминиран во четвртфиналето од ФА Купот на Англија.

„Црвените“ испуштија предност од 2-3 по првото продолжение од 15 минути, но Клоп многу повеќе жали за оние промашени шанси при 1-2, кога Ливерпул имаше можност во регуларните 90 минути да го реши прашањето на победникот.

„Ова беше одличен меч, полн со драма, во кој сите уживаа. Секако, многу повеќе ќе уживавме ако победевме на крајот, но тоа е што е. Јунајтед почна подобро, но кога ние заигравме во ритам апсолутно заслуживме да водиме со 1-2. И тогаш имавме убави шанси, но не донесовме вистински одлуки. Ако дадевме трет гол, тоа ќе беше крај на мечот, вака оставивме простор за противникот да се врати, а тим како Јунајтед знаеше како да го искористи тоа. За првпат оваа сезона го видов мојот тим да се мачи, како одминуваше времето имавме се помалку сила. Навистина, дадовме гол за 2-3 преку Елиот, но потоа примивме два и го загубивме натпреварот. Немам за што да им замерам на моите играчи, дадоа се од себе, покажаа и квалитет и карактер, можеби носевме погрешни одлуки во одредени моменти, но тоа не е чудно кога е вака тежок натпревар со силен ривал“, изјави Клоп.

Поврзани објави
Total
0
Share