Клан М дознава: Лога не се согласил да ги потпише Предлог Измените на Кривичниот Законик!

Предлог измените на Кривичниот Законик (КЗ) кои предвидуваат намалување на затворските казни за делото злоупотреба на службената положба предизвикаа многу реакции во јавноста.

Извори на ТВ Клан Македонија во Министерството за Правда информираат дека предлог-измените ги подготвиле заменик министерот за правда и државниот секретар во Министерството за Правда и дека се без потпис од министерот Кренар Лога, кој според информацијата одби да ги потпише и да ги брани истите.

Ставот на Лога, според информациите на Клан М, е дека предлозите за кои станува збор не се добро решение и затоа тој одбил да потпише, што го натерало владиниот кабинет да иницира исти предлози преку заменик министерката Викторија Аврамовска Мадиќ, која доаѓа од редовите на СДСМ.

Новите измени кои премиерот Димитар Ковачевски ги испрати до Собранието, го држат европското знаме и се очекува да бидат одобрени многу брзо, додека во овие измени се предлага намалување на казната за кривичното дело “злоупотреба на службена положба и должност“ и да се намали казната за кривично дело “злосторничко здружување“.

Во моментов Кривичниот законик во член 353 за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидува:

(1) Службеното лице кое користејќи ја својата положба или службено овластување, со пречекорување на границите на службените овластувања или со невршење службена должност ќе има корист за себе или за друг, ќе се казнува со шест месеци до три години затворска казна.

(2) Ако сторителот на делото од став 1 добива поголема корист или предизвика поголема штета или тешко ги повреди правата на другиот, ќе се казнува со затвор од шест месеци до пет години.

(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна парична корист или предизвика значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку три години.

(4) Со казна од ставовите 1 и 2 ќе се казни и одговорното лице, одговорното лице во странското правно лице кое има застапување или врши работи во Република Македонија или лицето кое врши работи од јавен интерес и 3) ако делото е сторено во вршење на неговите овластувања или должности.

(5) Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при јавна набавка или на товар на средства од Буџетот на Република Македонија, од јавни средства или од други државни средства, сторителот ќе се казнува со најмалку пет години затвор.

На измените остро се спротивстави албанската опозиција која упати обвинувања кон Министерството за Правда и Владата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share