КЛАН Дебата/ СДСМ молчат , ВМРО ДПМНЕ се полни со ентузијазам,ЗНАМ – со кренати глави ,Левица-деструктивна 

СДСМ одлучиле да не зборуваат од собраниската говорница за време на конститутивната седница и изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието затоа што сакале да му укажат на народот какво ќе било владеењето на ВМРО ДПМНЕ.  Фатмир Битиќи од СДСМ кој си даде оставка од функцијата потпретседател веднаш по изборниот резултат на 8 мај, во вечерашната КЛАН дебата со Љубиша Николовски рече дека деструктивноста не треба да биде начин на кој ќе треба да функционира новиот Парламент.

,,Навикнати сме секоја конститутивна седница да не може да биде конструктивна и разумна. Очекувањата беа да има  илјадници граѓани собрани пред Собранието. Тоа не треба да е начин на кој Собранието треба да функционира.Да не заборавиме што се случуваше на 27 април.Очекувањата беа веројатно дека ние со фанфури,со вувузели,ќе тепаме,ќе кинеме,ќе пцуеме, но одлуливме дека нема да гласаме затоа што нема да го поддржиме лицемерието на владејачкото мнозинство во најава. Пред само три недели требаше да биде Македонија твоја и Македонија горда. Еве граѓание сега нека гледаат. Ние одлучивме да не зборуваме за да ги оставиме да му покажат на народот какви се  а тоа е дека  ако при свечената заклетва на претседателот на државата тие не го почитуваат Уставот и ако при свечената заклетва на претседателот на Собранието исто така не го почитуваат Уставот и законите, ако за нив тоа е нормална појава тогаш јас сметам дека тоа е одликата на следното владеење.Владеењето на право не е избор.Се надевам дека тоа нема да продолжи и понатаму затоа што тоа ќе не одврати од сите процеси во државата”,рече Битиќи.

 Работата на еден пратеник не е да молчи туку да биде гласен кога неправда е во прашање, реплицираше Сашко Јачев од Левица најавувајќи дека тие ќе бидат деструктивна опозиција во Собранието.

,, Јас како правник добро знам дека кога правото е неправда отпорот кон тоа право е должност а Северна е една таква дивоградба и неправда која не само што заслужува отпор туку и таков третман. Во однос на заклетвата на Гаши ние воопшто не бевме изненадени дека ќе го прекрши Уставот и дека веднаш штом ќе отвори уста ќе си зборува на албански.Тој доаѓа од партија која се фали дека е гарант за уставните измените, доаѓа од партија која заговара бинационалност, вее знаме на Голема Албанија. Ние дадовме отворена рака да гласаме било кој предлог на ВМРО ДПМНЕ да биде претседател на Собранието па дури и албанец  ако има капацитет’’,вели Јачев.

Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ изрази задовлство од начинот на кој се одржа конститутивната седница и изборот на новиот собраниски спикер.

,,Со многу ентузијазам ја следевме констититутивната седница.Никогаш лично нема да ми биде  пријатено што Талат Џафери  претходно беше избран  за претседател на Собранието, но сега ситуацијата е дијаметрално спротивна. Битно е што маме две клучи работи: првата е што после 16 години македонскиот народ го  виде детронизиран Али Ахмети и  ДУИ што замина во опозиција а втората работа е што ќе имаме политички конгломерат што ќе биде изразен со над 80 пратеници во владиното мнозинство”,потенцира Стојановски.

Бобан Карапејовски од ЗНАМ е уверен дека Гаши ќе ги почитува Уставот и законите.

,,Ние од ЗНАМ бевме со кренати глави на седницата. Се помина во цивилизирана дебата. Не знам зошто тивкото и мирното се поврзува со наведната глава.Во однос на заклетвата на Гаши на албански јазик, Уставот тука е јасен, треба прво на македонски јазик. Мислам дека тоа беше грешка од протоколарна природа. Нашата поддршка за претседател на Собранието не е безусловна. Мојот личен став е дека јас ќе го упоребувам името ,,Македонија “секаде каде што е дозволено. Нема да кршам Устав и закони, нема да палам документи, знаеме кое е уставното име”, порача Карпејовски.

Осврнувајќи се на процесот на преговори за новата Влада , Карапејовски рече дека преговорите со ВМРО ДПМНЕ се во тек. Преговараат врз основа на нивната платформа и програмски принципи и изарази жалење што СДСМ избегале од социјалдемократијата.

ВМРО ПДМНЕ пак посакува силна опозиција но не верува дека тоа ќе се случи во следните четири години со оглед на состојбите во партијата.

,,Ние не седнавме да разговараме со нашите политчки партии делејќи го т.н. воен плен или колач, туку се договоривме секој со својата специфика да се договориме околу три најважни нешта а тоа се економскиот стандард, евроинтеграциите и жестока борба против корупцијата. Во моментов имаме над 80 пратеници но не ја исклучуваме можноста за некои реформски закони како што е за реорганизацијата на органите во државната управа, да ја побараме поддршката и од другите политчки партии. Ние треба дa имаме силна опозиција за да биде коректив на власта но не верувам дека  во наредните 4 години ќе имаме стабилна опозиција со оглед на состојбата во СДСМ’’,образложи Стојановски.

Говорејќи за коалицирањето на ЗНАМ со ВМРО ДПМНЕ,Фатмир Битиќи од СДСМ порача дека во постизборниот процес  убаво е за ВМРО ДПМНЕ што имаат уште една десничарска партија  и дека се радува што СДСМ природно почнал да се филтрира . Изрази надеж дека СДСМ во иднина повторно ќе се врати на политичката сцена.

Сашко Јачев од Левица повтори дека како партија немаат намера  по секоја цена  да влегуваат во Влада.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share