КЛАН Дебата/Одговорноста е голема ако се спротиставувате на Западот

Осврнувајќи се на последиците од непочитувањето на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, политикологот Иво Ранѓеловиќ предупреди дека е потребно големо внимание на политичарите во давањето на изјави.

,, Одговорноста е голема ако се спротиставувате на Западот. Треба да имате но и да понудите алтернатива. До каде оди перверзијата  , па името на оваа држава го сменија ВМРО ДПМНЕ и СДСМ?”порача Ранѓеловиќ.

Професорката Билјана Ванковска смета дека не треба да се потклекнува на секое барање на Грција и Бугарија.

,, Народот си клекна на брашното, трчаа по лични документи со новото уставно уставно име а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се фалеше како тоа успешно го менаџирал.Во однос на  проблемот со Бугарија ,што добивме? Франциски протоколи, напишан договор?Покорумпирана држава од Бугарија нема, не можат Влада три месеци да направат, па сега тие ќе ни кажуваат услови”,рече Ванковска.

Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атланскиот совет на Македонија, посочи дека мора да се работи на граѓаните да им се обезбеди подобра иднина.

,,Ние сега сме во ситуација да имаме морална обврска кон нашите граѓани кои се тука но и кон оние кои работат во други држави во светот. Мора да го забрзаме евроинтегративниот процес.Наш сојузник се САД а не Русија”,изјави Рамадани во вечерашната КЛАН Дебата со Љубиша Николовски.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share