КЛАН Дебата/Мацановиќ и Мехмети :ВРЕДИ И ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги делегитимираат гласовите на другите етнички заедници

Амар Мацановиќ, пратеник  од Левица во новиот парламентарен состав  порача дека сега е времето гласачите од другите етнички заедници да се освестат и да не дозволат нивните гласови да бидат делегитимирани. Осврнувјќи се на реториката на ВРЕДИ и ВМРО ДПМНЕ за добиени чисти гласови, Мацановиќ во вечерашната емисија КЛАН дебата со Љубиша Николовски,посочи дека  треба да се застане на унитарната позиција за Република Македонија со која ќе се одговори на предизвиците.

 ,, Идеите дека ВРЕДИ добил легитимитет кој почива на албанското гласачко тело а ДУИ  не можеле да се повикаат на тој легитимитет затоа што биле со други етнички партии, тоа беше убава приказна која пробуваа  да ни ја сервираат , првично ВРЕДИ, па сега и ВМРО ДПМНЕ затоа што сакаше да го легитимира својот партнер .Прашањето е што значат турските, ромските гласови  во оваа политичка консталација?Иако јас сметам дека е многу здраво ДУИ да оди во опозиција, сега ние сакаме да ги фрлиме во ѓубре сите гласови на турците, ромите, бошњаците затоа што тие се нелегитимни.Овој изборен циклус е момент дека гласачите треба конечно да се освестат. Се додека ние го делиме политичкиот табор на два блока, другите етнички гласови  ќе се сметаат како делегитимирани. Левица смета дека конечно треба да се застане на унитарна позиција за Република Македонија со која ќе се одговори на предизвиците”, рече Мацановиќ.

Мацановиќ тврди дека ВМРО ДПМНЕ пропагира бинационалност.

,, Со тоа што ќе пропагира безусловно спикерско место во Парламентот од албанскиот блок, ние создаваме вистинска пракса за бинационалност . За помалите етничи заедници, бинационалноста е кобна и не одговара,а исто така тоа не е добро и за доминантната заедница и за функционалноста на државата затоа што не може да се обезбеди  консензус за надворешната политика и квалитетен живот за граѓаните “,тврди Мацановиќ.

На ова се надоврза аналитичарот Ибрахим Мехмети кој смета дека е грозно ова што се зборува за помалите етнички заедници.

 ,,Овој период слушам различни тези особено за чисти и нечисти гласови. Дали постои некој инструмент тоа да се провери?ВМРО ДПМНЕ 30 години ги има во коалиција припадниците на другите  етнички заедници.Албанските партии немале досега такви коалиции на национално ниво.И Таравари сакаше да соработува со партија на турците но тие отидоа со ДУИ, така што и тој не ги делеше гласовите на чисти и нечисти. Ова  е политичка борба и прашање е кој е опозиција а кој власт. Ние уште немаме завршени избори, уште се отворени сите прашања и дискусии, немаме ни мандатар”,вели Мехмети.

 Според Мехмети ,бројките на изборите се тие и треба да се прифатат.

,,Треба  да бидеме реални, кој ќе биде во Влада, нека се договорат партиите, но самиот изборен процес е јасен, тоа се гледа од бројките на партиите.Ако зборуваме за победа и пораз, и бројките 18:14 се јасни, се знае кој победил во албанскиот блок а кој изгубил. Сепак се работи за разлика од 4 мандати.Имаше џентлменски договор меѓу партиите на Албанците тој што ќе добие макар еден глас помалце, не еден мандат, тој ќе му препушти на другиот да преговара за Влада.ВМРО ДПМНЕ инсиситираше дека сака со ВЛЕН, не со ДУИ. Секој си ја плаќа цената на своите одлуки, тоа ќе го покаже времето, јас не сакам да прејудицирам”, вели Мехмети

Поранешниот амбасадор,Ивица Боцевски тврди дека кога зборува за чисти гласови мислел  на некоруптивни гласови.

 ,,СДСМ, ДУИ и Левица ќе бидат легитимна опозиција во Парламентот.Нивна задача е своите платформи да ги претстават во Собранието.Дали СДСМ сеуште е стожерна партија во Македонија? Резултат под 200 000 гласови, резултат под 30 пратеници става сериозен прашалник над статусот на СДСМ како стожерна партија. Веројатно на локалните избори ќе видиме дали има живот кај нив. Што се однесува до ДУИ, легитимно е прашањето кој ги доби гласовите во албанскиот политички блок. 107 000  гласови, чисти како солза за коалицијата ВРЕДИ. Од друга страна ДУИ направи  чудна коалиција која беше еднорелегиозна. ДУИ е единствената партија која што е заробена во национализмот од деведесетите години. Али Ахмети сеуште својата популарност ја темели на тоа дека тој бил воен лидер.На крајот останува Левица , кога една генерација на млади луѓе имаат поинаква идеја каков треба  да биде поредокот во државата,”потенцира Боцевски во вечерашна емисија КЛАН Дебата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share