КЛАН Дебата/Илиев: Безбедносната состојба ќе биде тензична до следните локални избори, Фаризи и Муслиу не веруваат затоа што сме членка на НАТО

Експертот за безбедност, Александар Илиев во вечерашната КЛАН Дебата со Љубиша Николовски, осврнувајќи се на безбедносната ситуација во државата и активностите на Европскиот фронт со потпишувањето на Политичката декларација за етнички легитимитет, тврди дека  она што го имавме во 2001 година сега нема шанси да се случи,но за терористички напад, за насилство меѓу индивидуи ,веројатноста, според него  е висока и тоа  е можно сценарио.

,, Безбедносната состојба ќе биде тензична до следните локални избори, а следните избори  прашањето кој е легален или  легитимен ќе биде затворено затоа што повторно ќе имаме избори и ќе ги видиме бројките. Демократското делување е нешто што е сосема легитимно право на Европскиот фронт да го користии и не треба другите партии да се лутат или да сметаат дека не треба. Секоја политичка партија треба да ги користи сите законски алатки кои и стојат на располагање. Безбедносната состојба ќе биде тензична до следните локални избори, а следните избори ова прашање кој е легален или  легитимен ќе биде затворено затоа што повторно ќе имаме избори и ќе ги видиме бројките”,рече Илиев.

Тој тврди дека во моментов Европскиот фронт нема простор многу да делува имајќи го  предвид меѓународниот фактор, војната во Украина и сите тие тензии кои постојат во Европа, не создаваат услови некој да добие поддршка од западниот свет да делува надвор од законите.

,, Од минатата година има повеќе индикатори кои укажуваат на влошување на безбедносната состојба во регионот.Тргнувајќи од Резолуцијата во Сребреница, инцидентите во Косово , договорот Вучиќ-Курти. И наши партии и политичари беа активни во изборите во Србија, се случуваше и обратно, политичари од Србија и Косово да влијаат врз политичката состојба во Македонија.Не можеме да ја гледаме нашата политичка и безбедносна ситуација надвор од регионот. Дали е влошена , секако дека да, благо е влошена поради тој меѓународен контекс. Внатрешно, тензиите помеѓу ДУИ и ВРЕДИ, ова е судир на интереси но тој нема да биде со безбедносни реперкусии. Легитимитет е субјективна перцепција, кој е легален, тоа е друго, оној кој ќе биде во власта”,потенцира Илиев.

Алберт Муслиу смета дека темата на легитимитет во албанскиот политички блок била наметната од бројките на изборите.

-,, Чизми” во ова предизборие спомнуваше само еден лидер, тој на Левица. Не верувам дека ДУИ ќе се бави со Левица.Ако Левица продолжи со овој наратив ќе се појави еден нов политички фактор, албански, кој ќе има контранаратив.Со таков наратив ќе се организираат млади албанци со ист таков наратив и ќе влезат во Собранието. Секоја реакција предизвикува контрараекција.Кој одлучува кој од Албанците ќе биде во Влада, граѓаните или мандатарот?Јас не сметам дека ќе има проблеми, но не ја исклучувам можноста и да има проблеми.Со Левица ќе си се бави мандатарот а не ДУИ”,порача Муслиу.

Кај Албанците има дилема кој го одредува легитимниот претставник.Ова , вели Муслиу не се случува прв пат,мандатарот да одлучува со кој ќе коалицира.

,, Слично беше во 1998 година, во 2006 година.Мицкоски можеше да формира Влада и само со ЗНАМ и ќе имаше поголемо портфолио.После 2006 година имаше тензии кои ги генерираше ДУИ.Во 2016 година мандатарот Груевски преговараше со ДУИ и не се договорија и тие формираа Влада со СДСМ. Легитимни се двете партии, кој е победник кај мнозинскиот блок зборуваат бројките “, рече Муслиу.

Лулзим Фаризи смета дека  за разлика од Косово и Србија кои се надвор од НАТО, кај нас е поинаку затоа што  ние сме членка на Алијансата.

,,Најголемиот дел од ДУИ се клиентелисти, не дека и во ВРЕДИ ги нема.Следат локални избори, ќе ги видиме резултатите.Треба да имаме конкуренција на луѓе кои си ја сакаат државата.Пред 15 години мене и на моето семсјтво ни вршеа притисок. Да почекаме да поминат 100 дена Влада, ако работите излезат од контрола , ќе реагираме.Прв пат вака јавно странскиот фактор не се имплицирал дирекно во преговорите за составување на Влада туку ни дале шанса сами тоа да го направиме”,вели Фаризи.

Фаризи тврди дека коалицијата ВРЕДИ и ДУИ влегле во кавга кој има легитимитет а кој легалитет.

,,Ако одиме по етничка насока ВРЕДИ има легитимитет. Но пред се ние треба да го почитуваме Уставот кој признава само еден победник.Разликата меѓу ДУИ и ВРЕДИ не е голема.ВМРО ДПМНЕ не беше против Албанците, туку против ДУИ.Европскиот фронт ќе биде во тешка ситуација во Парламентот бидејќи ќе бидат во иста страна како опозиција со Левица. Првата грешка ја направија со изборот на претседател на Собранието, за Гаши не гласаше Левица, не гласаше ни ДУИ’’,порача Фаризи.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share