КЛАН Дебата/Заклетвата на Силјановска – гол популизам и себепромоција, направена е голема штета во меѓународните односи

Говорејќи за заклетвата на претседателката Силјановска-Давкова и реакциите во меѓународната јавност,претседателот на Евро-Атланскиот совет на Македонија и аналитичар, Исмет Рамадани во вечерашната емисија КЛАН Дебата со Љубиша Николовски рече дека свечената изјава и неизговарањето на уставното име на државата  била провокација за надворешниот свет.

,, Заклетвата на Силјановска предизвика бура на реакции во регионот и соседството. Свечената изјава беше провокација за надворешниот свет.Колку и да не се сложувам со нејзиниот пристап, тука гледам искрена намера, став. Но,тоа што не можам да го прифатам е голиот популизам. Таа не рече Република Македонија, изговори само Македонија. Кога го изговори ,,Македонија” тоа предизвика револт во Грција и тоа тие го толкуваат како иредентизам.Следеа политички реакции и од ЕУ и од другите држави, мислам дека тоа не и требаше”,посочи Рамадани.

Поранешната кандидатка за претседател на државата и професорка, Билјана Ванковска смета дека со ваквиот потег, Силјановска се ставила себеси и сите околу неа во многу тешка ситуација.

,,Самиот чин на кој беше извршена заклетвата не изненади.Од една страна тоа бара и храброст, на една јавна сцена опкружени со дипломатскиот кор да преземате еден таков чекор. Но, сега , кога застанувате на таа функција и сте добиле Уверение од ДИК дека сте избрана за претседателка , мора да почитувате.  е популизам и себе промоција.Уште во првиот чекор  се стави себеси и тие околу неа во тешка ситуација. Што и беше целта, што сакаше да се постигне со ова? Ако имаше државнички капацитет и визија заклетвата ќе ја завршеше лесно а потоа ќе најдеше начини за решавање на други прашања”, рече Ванковска.

Правејќи споредба со поранешниот претседател на САД Барак Обама кој ја згреши првата заклетва па другиот ден ја повтори, Вакновска е уверена  дека доколку таа била на нејзино место ќе ја кажела заклетвата, ќе се потпишела и ќе покренела постапка ,формално правно да се тргне во насока на раскинување на Преспанскиот договор.

Иво Ранѓеловиќ, политиколог, укажа на фактот дека претседателката треба да има мисија, идеја. Во делот на тоа дали претседателот на Собранието можел да реагира, Рангеловиќ вели-Да , можело ,но ќе се комплицирала целата ситуација.

,, Отстрана ако гледате, не сте херој ако го користите Северна или само Македонија. Херој сте ако умешно работите со фактичката состојба или ако ја смениме таа состојба. Многу се манипулира со ова”,тврди Ранѓеловиќ.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share