КЛАН дебата/Времето ќе покаже дали ќе влеземе во мирни води или во нова политичка криза

Комуникологот Сашо Пешев во емисијата КЛАН дебата предупреди дека не очекува неизвесен период.Тврди дека реалната политиката е многу потешка отколку кога сте во опозиција.

,, Прашањето е дали во периодот кој следи ќе влеземе во мирни води или во улична демократија.Ќе го видиме однесувањето на политичките партии, особено оние кои ќе останат во опозиција.Власта не е плен па да ја делиме.Нас ни е  потребно е да се обединиме околу идејата за ЕУ. Мицкоски треба да  покаже лидерството, но не по национална основа, туку каде ја гледаме иднината, ЕУ.Таа идеја треба сега да се наметне, но за тоа никој не дискутира.После три децении ние повторно со наративот се враќаме во минатото”,рече Пешев.

Аналитичарот  Атанасовски предупреди дека во наредните денови ќе гледаме како што вели,, голема политичка проституција “со преминувањето на поединци од една во друга партија.

,,Невлегувањето во НАТО и ЕУ продуцира политичка криза.Како да верувам на ВЛЕН дека ќе воведат европски принципи и релаксирани односи, независно судство, тоа е невозможно?Како да му верувам на Изет Меџити за независно судство, на Билал Касами, на Африм Гаши? Зарем сериозно вие верувате дека Касами е скандинавски политичар? Касами е градоначалник на Тетово а градот никогаш не бил похаотичен и понечист.Дали ВЛЕН и нејзините кадри имаат капацитет да ја внесат Македонија во ЕУ? Нели ДУИ се УЧК а Билал Касами што го пречека Курти што е? Тетово и Гостивар на што личат, на Осло и Копенхаген?, праша Атанасовски.

Тој тврди дека ако Силјановска остане на ставот дека нема да го употребува зборот Северна, тогаш Грција ќе ни стави вето.

,,Неставањето на бугарите во Уставот создава фрустрации и во Албанија и го кочи и нивниот евроинтегративен пат.Тоа се реалните услови кои ги поставуваше ЕУ.Ние сме премногу херметички затворени но не може да раководиме држава со емоции туку само со рационален пристап. На секоја политика треба да бараме алтернатива.Суровоста на меѓународната политка не ни дозволува ние да се водиме од емоции”,порача Атанасовски.

Сафет Бишевац е убеден дека ние во последните три децении сме се претвориле во бинационална држава.

,,Во Македонија живеат и други етнички заедници.Нас ни е потребно обединување на сите, потребна ни е ЕУ, да ,но со почитување на достоинството на македонската заедница како најголема”,рече Бишевац.

Поврзани објави

КЛАН Дебата/Мацановиќ и Мехмети :ВРЕДИ И ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги делегитимираат гласовите на другите етнички заедници

Амар Мацановиќ, пратеник  од Левица во новиот парламентарен состав  порача дека сега е времето гласачите од другите етнички…
Повеќе
Total
0
Share