КЛАН Дебата/Власта тврди дека условни уставни измени нема да се случат, опозицијата смета дека ова ќе биде првата изборна измама

Од ВМРО ДПМНЕ се убедени дека условни уставни измени нема да се случат. Во емисијата КЛАН Дебата ,Бојан Стојановски порача дека уставни измени под било чиј диктат нема да се прифатат.

,,Уставни измени по диктат кој што доаѓа од надвор и кој што е неприфатлив , односно кој е спротивен на заштитата на македонскиот идентитет , македонските посебни обележја,никогаш нема да се случат по никоја цена.Сега имаме победник со над 300 илјади гласови, така што ќе стане реалност во оваа држава дека уставни измени под било чиј диктат нема да има. 7 години ви укажуваме дека не треба да склучувате штетни договори.Нема да има условни измени на Уставот,”рече Стојановски.

Според Фатмир Битиќи од СДСМ ова ќе биде најбрзиот начин да се покаже како се воделе политички кампањи во нашата земја.

,, Ова ќе биде првата изборна измама која граѓаните ќе ја увидат ,а тоа е дека  ќе има уставни измени и бугарите ќе бидат во Уставот а можеби и други кои воопшто не се споменувале  како што се Грци или пак  од други соседни земји и тоа ќе биде со образложение дека се прави заради динамизирање на евроинтеграциите.Не може да имате платформа на коалицирање со другите партнери каде што втор столб ви е динамизирање на евроинтеграциите а да кажете дека немате уставни измени.Јас се согласувам дека заштитата на идентитетот е светост. Дури и јас како етнички албанец сметам дека се треба да биде направено за да се заштити македонскиот идентитет. Ако има услови за менување, да ги видиме. Цврстите ставови дека нема да има менување на Уставот под никакви уценувања ако може да ги смените, да ги видиме,’’потенцира Битиќи.

Левица е против уставни измени а ЗНАМ бара тие да бидат со одложено дејство.

,, Нашиот став не го менуваме, тоа го кажавме и во кампањата. Вакви како што се предложени ние не можеме да ги поддржиме. Нашиот претседател Максим Димитриевски во кампањата предложи , уставните измени да бидат со одложено дејство по нашето влегување во Европската Унија со што ќе обезбедиме дека нема да има нови барања од бугарска страна . Ние се залагаме за принципот на реципроцитет”, изјави Карапејовски.

Говорејќи за корупцијата и начинот на нејзино сузбивање, Стојановски соопшти дека како партија сакаат да го направат правосудството комплетно автономно, за што е потребно 2/3 мнозинство кое во моментов го имаат.

,,Тоа ќе го направиме со распуштање на одредени органи кои генерираат корупција . Меѓу првите закони кои ќе ги донесеме заедно со оние кои се однесуваат на реформа на органите на упаравта, ќе бидат и законите со кои ќе се распуштат тие органи.Ние имаме план како да ја сузбиеме корупцијата”,посочи Стојановски.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share