КЛАН Дебата/ Балансерот ќе се укине а Бугарите ќе се внесат во Уставот

Аналитичарите во вечерашната КЛАН Дебата изразија уверување дека Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе ги внесе бугарите во Уставот и ќе го укине Балансерот.

Експертот по безбедност Александар Илиев тврди дека власта има сценарио за внесување на бугарите во Уставот.

,,Едно е укинувањето на Балансерот, тоа е напишано во програмата а ВРЕДИ исто така има разбирање за тоа дека Блансерот не ги исполнува своите цели.Балансерот ќе се укине а Бугарите ќе се внесат во Уставот. Замислете еве, Бугарите кои се 3515 ако се внесат во Уставот , како етничка заедница им следува работа во администрација, на пример 200 работни места. Тогаш ќе имавме 20 000 луѓе кои ќе конкурираат и ќе се впишат како Бугари само за да влезат на работа . Ова е сценарио како да се внесат Бугарите во уставот без гласачите да бидат разочарани и тоа да биде прифатено .Јас мислам дека уставните измени не се нешто што ВМРО ДПМНЕ и ВРЕДИ нема да го направат . Јас гледам по индикаторите дека тие сакаат да направат уставни измени не само со внесување на Бугарите и другите заедници во Уставот туку да биде тоа со наративот,, не под бугарски диктат и овие услови”.Проучувајќи ја програмата на ВМРО ДПМНЕ гледам дека тие имаат намера да ги променат условите, да изградат наратив дека условите се сменети а така и ВРЕДИ ќе има свое оправдување за спроведување на програмата за продолжување на европскиот пат.Сметам дека ВМРО ДПМНЕ ќе го продолжи Европскиот пат ‘’,вели Илиев.

Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека ова што се прави со Грција и Преспанскиот договор е непотребно и нема никаква цел.

,, Евроинтеграциите се едни од најголемите лепаци на ова наше општество помеѓу заедниците и тоа неможе долго да се развлекува без да се објасни. Јас ги почитувам националните чувства и идентитет на моите сограѓани, но и ние сакаме да чекориме по патот на ЕУ заедно со нашите соседи’’,потенцира Муслиу.

Муслиу се осврна и на поделбата на министерските места во новиот владин кабинет.

,,Партизацијата во државата ја наметнаа двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Ако во одреден период ДУИ можело да им се вмеша, тоа ги нервирало. И поранешната Влада имаше добри и млади кадри. Се надевам дека новата Влада ќе има посветеност, ќе се бори против корупцијата. Но тоа што се случин за време на изборите, не ми дава многу надеж. Не можеме да ставиме 19 годишни деца на некои позиции затоа што се нови. Ни требаат искусни луѓе”, рече Муслиу.

Според аналитичарот Лулзим Фаризи ,најголем ризик на ВРЕДИ ќе биде ако ДУИ се реформира за кратко време.

,,Да ја видиме програмата на Владата.Верувам дека таа ќе биде добра затоа што сум ја прочитал. Многу е важно да имаме национален консензус за да почнеме да ги решаваме проблемите со Бугарија и нашиот пат кон ЕУ.ВРЕДИ има 107 000 гласови.Не е точно дека ВРЕДИ ќе земе малку министерства. Многу е важно кој ќе не претставува во институциите и колкав е нивниот буџет”, посочи Фаризи во емисијата КЛАН Дебата со Љубиша Николовски.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share