Ким Џонг Ун со оклопен воз ќе оди кај Путин – Западот на нозе!

Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, планира овој месец да отпатува во Русија и да се сретне со претседателот Владимир Путин за да разговара за можноста за снабдување на Русија со повеќе оружје за нејзината војна во Украина и други форми на воена соработка.

Ова го објави Њујорк Тајмс (НЅТ) повикувајќи се на неименувани американски и сојузнички извори.


Се вели дека Ким ретко ја напушта земјата, а според информациите на американскиот весник, овој пат најверојатно со оклопен воз би отпатувал од севернокорејската престолнина Пјонгјанг до Владивосток, крајбрежен град на далечниот исток на Русија, каде што ќе се сретне со Путин.

Извори на Њујорк Тајмс, исто така, наведоа дека Ким исто така може да оди во Москва, иако тоа не е сигурно.


Би-Би-Си ги пренесува изјавите на својот американски партнер Си-Би-Ес, кои добиле изјава и од неименуван функционер на американската влада, дека се уште не е разјаснета точната локација на планираната средба меѓу Путин и Ким.

Се наведува дека засега нема реакции ниту од Северна Кореја, ниту од Русија во врска со овие најави на американските медиуми.

Поврзани објави
Total
0
Share