Киев тврди дека уништил ракетен систем С-300 на руска територија со западно оружје

Информацијата ја објави украинската вицепремиерка и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина, Ирина Верешчук. Во објавата на нејзиниот Фејсбук-профил таа сподели и фотографија за која се тврди дека го покажува погодениот ракетен систем обвиткан во пламен.

„Прекрасно гори. Тоа е руски С-300. На руска територија. Првите денови по дозволата да се користи западно оружје на непријателска територија“, пишува Верешчук, но не откри какво оружје било употребено во овој напад..

Руските извори пак тврдат дека украинските сили почнале да ги користат проектилите ‘Химарс‘ за да го гаѓаат Белгород.. Погодениот систем се наоѓал 60 километри од бојното поле во харкивскиот регион, односно над 80 километри од градот харкив, што е во рамките на дострелот на „Химарс“.

Украина може да користи само ракети со помал дострел, а САД стојат цврсто во тоа да не ѝ дозволат на Украина да ги користи ракетите со долг дострел кои можат да погодат цели и на 300 километри.

Поврзани објави
Total
0
Share