Кејт Мидлтон се огласи за првпат по операцијата со фотографија која је направи принцот Вилијам

Палатата Кенсингтон ја објави првата фотографија од принцезата Кејт откако таа имаше операција на стомакот во јануари. На фотографијата, војвотката од Велс позира со своите три деца.
Четириесет и двегодишната Кејт помина 13 ноќи во болница по операцијата, за која не беа објавени никакви детали, освен дека не станува збор за рак. Кралското семејство тогаш кажа дека таа нема да им се врати на своите официјални задолженија до почетокот на април, односно до Велигден.
„Ви благодарам на сите за убавите желби и за постојаната поддршка во изминатите два месеца“, напиша Кејт на социјалните мрежи.
Палатата Кенсингтон има објавено малку детали за нејзината состојба, додавајќи дека ќе споделат нови информации за закрепнувањето само ако има значајни промени, што покрена бројни шпекулации во јавноста.

Поврзани објави
Total
0
Share