Кејт Мидлтон откри дека боледува од рак

На принцезата од Велс и е дијагностициран рак и лично ја откри својата дијагноза пред светот.

Во трогателна видео изјава, Кејт Мидлтон откри дека ракот бил откриен додека била подложена на голема абдоминална операција во Лондонската клиника на почетокот на годината.

42-годишната принцеза рече дека треба да се опорави од операцијата пред да започне со „превентивна хемотерапија“, што и било советувано да го направи од нејзиниот медицински тим.

Веста доаѓа како огромен шок за кралското семејство по соопштението дека и кралот Чарлс боледува од рак, тој и идната кралица и двајцата ќе се борат со ракот во исто време.

Шпекулациите за здравствената состојба на Кејт се сиреа со недели, со непрестајни гласини и различни теории на заговор на интернет.

Седејќи на клупа во градината во палатата, Кејт во видеото вели  дека и било потребно време да се помири со веста и да им каже на своите деца принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5),  пред да го извести светот.

Таа изјави: „Тоа беа неверојатно тешки месеци за целото наше семејство, но имав фантастичен медицински тим кој се грижеше многу за мене, за што сум многу благодарна.’’

„Во јануари направив голема операција на абдоменот во Лондон и во тоа време се мислеше дека мојата состојба не е канцерогена.

Поврзани објави
Total
0
Share