Касами:По 8 мај ќе бидеме дел од владината коалиција

Коалицијата „Вреди“ денеска во Тетово ја претстави својата изборна програма „План 2030“ во која една од главните точки е донесување нов Устав со кој Албанците би биле второ мнозинство во државата.

Носителот на листата во шестата изборна единица, Биљал Касами рече дека нивната програма ќе биде победничка и дека по парламентарните избори ќе бидат дел од владината коалиција.„Нашата програма се однесува на економскиот развој, интегрирање на државата во Европската Унија, како и на подобрување на меѓуетничките односи, подобрување на правата на Албанците кои ги претставуваме. Сигурни сме дека на 8 мај оваа листа и оваа програма ќе биде победничка и после 8 мај ќе биде дел од владината коалиција“,рече Касами.На прашањето за потенцијално коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори, Касами одговори дека се подготвени за разговор.„Кажуваме дека сме подготвени да седнеме да разговараме за составување на идната влада со тоа што цениме дека сме единствени претставници на Албанците“,рече Касами.

Поврзани објави
Total
0
Share