Здружената албанска опозиција вечерва на прес-конференција им се заблагодари на гласачите кои го дадоа гласот за нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари и очекува на 8 мај на парламентарните избори да ја победат ДУИ.– Добитник на овие избори е Влен или ДУИ има вкупен број на гласови на помалите етнички заедници и на граѓаните кои имале потреба од нивните пари. Влен е легитимен претставник на Албанците, Влен ги доби гласовите на Албанците. ДУИ со ова однесување го загуби последниот легитмитет да зборува во име на Албанците. Затоа на 8 мај ние ќе победиме. Важно е да потенцираме дека овој резултат и во мандати не е голема разлика од ДУИ и затоа на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза, изјави лидерот на движењето Беса – Биљал Касами.Кандидатот за претседател Таравари вели дека во сите изборни единици каде доминираат Албанци односно во Првата, Втората и Шестата изборна единица разликата е три-четири илјади гласови.Вели дека немаат одлучено на кого ќе му дадат поддршка во вториот круг.Прашан дали ќе даде оставка доколку изгуби од Османи, Таравари рече да за тоа ќе се разговара во органите на партијата.– Да завршат прво изборите, следат парламентарните избори. Ова се први избори како претседател на партија, во органите на партијата ќе разговараме за ова – рече Таравари.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57