Канцероген акриламид пронајден во чипс произведен во Србија

Европската комисија на својата веб страна пред два дена објавила дека Хрватска до системот за рано предупредување пријавила високо ниво на акриламид, канцерогена супстанца откриена во составот на чипс кој бил произведен во Србија.

Во објавата стои дека производот е уништен откако Хрватската агенција за храна проценила дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

Во соопштението на Министерството за земјоделство, се наведува дека се работи за производот чипс со вкус на пиперка произведен во Србија.

Земјоделската инспекција издала наредба за вонредна контрола на погонот за производството на спорниот производ.

Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, пржени компири, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

Поврзани објави
Total
0
Share