Канада испраќа војска во борбата со пожарите

Британска Колумбија прогласи вонредна состојба и ги забрани несуштинските патувања за да се ослободи сместувањето за евакуираните и пожарникарите. Во некои градови во Британска Колумбија, индексот на квалитетот на воздухот (AQI), кој ги мери главните загадувачи вклучувајќи ги и честичките од пожарите, беше над 350, што е „опасно“ ниво, според IQAir, информативна платформа за квалитетот на воздухот во реално време.

На полноќ, Салмон Арм го имаше најлошиот индекс на квалитетот на воздухот во земјата, со AQI отчитување од 470. Владините претставници предвидуваат дека, поради сушата, сезоната на пожари може да се прошири до есен. Досега во шумските пожари изгореа околу 140 илјади квадратни километри шума, а чадот се протега се до источниот брег на САД. /МИА

Поврзани објави
Total
0
Share