Казнети 421 возач за брзо возење на територија на цела држава

Казнети се 421 возач за брзо возење во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.

Како што соопшти МВР, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час.

Вкупно 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 266 надвор од населено место.

  • Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението од МВР.
Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share