Кабинет на Силјановска Давкова: Претседателката има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација

Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, велат од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова.

-Претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, се наведува во соопштението од кабинетот.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share