И Турската демократска партија (ТДП) станува дел од Европскиот фронт

Телевизијата Клан Македонија ексклузивно дознава дека на неодамнешниот состанок на нејзините партиски тела, Турската демократска партија (ТДП) одлучила да се приклучи на големиот Европски фронт.

Денеска и Курто Дудуш, поранешен пратеник, а моментално градоначалник на општина Шуто Оризари во Скопје, по средбата со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се согласи да се приклучи на Европскиот фронт.

Инаку, пред неколку дена на Европскиот фронт му се приклучи и партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејди, која потпиша коалициски договор со ДУИ на Али Ахмети, додека утре се очекува на Европскиот фронт да се приклучи и Албанската Демократска партија на Мендух Тачи и Европската демократска партијата предводена од Аријанит Хоџа, потпишување на коалициски договор со ДУИ во Тетово, со почеток во 12:00 часот во Домот на културата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share