ИСЧЕЗНА ДЕВОЈКА ОД АЛБАНИЈА КОЈА СТУДИРАЛА ВО СКОПЈЕ: Пријателите бараат помош за нејзино пронаоѓање

Станува збор за Енкеледа Чела – државјанка на Албанија, која студирала на Економскиот факултет во Скопје со дозвола за престој. Според описот на објавата на социјалните мрежи, висока е 160 сантиметри има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец.Нејзината другарка, Јоана која ја сподели објавата за исчезнатата девојка, во изјава за „Макфакс“ вели дека последен пат ја видела во петокот вечерта.„Во петокот околу 20-21 часот пиевме кафе. Потоа таа и уште една наша заедничка пријателка со која заедно живееја, се упатиле кон домот. Сепак, Ени (исчезнатото девојче) практикуваше да се прошета малку сама пред да се врати во станот и таа ноќ го направила истото, но потоа не се вратила назад . Според нашите информации ја виделе на бензинската пумпа во Илинден следното утро помеѓу 5 и 7 часот, но уште не можеме да тврдиме дали навистина била таа додека не бидат прегледани камерите“, раскажа нејзината другарка.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share