Иран: „Нашиот одговор ќе биде многу поголем од вечерашната воена акција ако Израел возврати на Иран“

Иран го предупреди Израел за можен поголем напад врз негова територија доколку возврати на нападот со беспилотни летала и ракети на Техеран во текот на ноќта, додавајќи дека Вашингтон е предупреден да не ја поддржува израелската воена акција.„Нашиот одговор ќе биде многу поголем од вечерашната воена акција ако Израел возврати на Иран“, изјави началникот на ГШ на вооружените сили, генерал-мајор Мохамад Багери за државната телевизија, додавајќи дека Техеран го предупредил Вашингтон дека каква било поддршка на израелската одмазда ќе резултира со напади врз американски бази.Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Хосеин Салами, исто така, предупреди дека Техеран ќе возврати на секој израелски напад врз неговите интереси, официјални лица или граѓани.Според извештаи на американски медиуми, кои цитираат високи претставници на администрацијата, американскиот претседател Џо Бајден му рекол на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека САД нема да помогнат во ниту еден израелски контранапад врз Иран.Сајтот Аксиос и Си-Ен-Ен известуваат дека пораката била пренесена за време на телефонски повик меѓу Бајден и нетанјаху.Аксиос објави дека Бајден му рекол на Нетанјаху дека САД ќе се спротивстават на секој израелски контранапад. Си-Ен-Ен јави дека Бајден смета дека САД нема да учествуваат во каква било контраакција.Иранската армија соопшти дека нивниот напад со беспилотни летала и ракети врз Израел, како одмазда за смртоносниот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, ги „постигна сите свои цели“.„Операцијата Чесно Ветување… беше успешно извршена од синоќа до утрово и ги постигна сите нејзини цели“, изјави за државната телевизија Мохамад Багери, началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили.Засега не е донесена одлука за израелски одговор на иранскиот ракетен и напад со беспилотни летала при проценката на ситуацијата утринава, изјави израелски официјален претставник.

Поврзани објави
Total
0
Share