Иранскиот напад врз Израел се очекува по полноќ

Најновата вест од блискиот исток за која јавуваат иранските медиуми е дека Иран го лансирал вториот бран дронови кон Израел. Ова вечерва го јави „Тајмс оф Израел“ без да даде други детали.Инаку, како што пренесува дневник.хр, Иран претходно го лансираше првиот бран беспилотни летала кон Израел, вест што ја објавија израелските медиуми, а ја потврди портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари.

Беспилотните летала би можеле да стигнат до Израел околу еден часот ноќва, но можно е тоа да биде и порано, пишува Скај Њуз.Израелската телевизија „Канал 12“, пак, објави дека Иран лансирал десетици беспилотни летала кон цели во Израел и дека нивниот лет се очекува да трае со часови. Експертот со кој разговараше телевизијата, пензионираниот генерал Амос Јадлин, изјави дека беспилотните летала се опремени со по 20 килограми експлозив и дека израелската воздушна одбрана е подготвена да ги собори.Вечерва свое обраќање имаше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

,,Во последните години, а особено во последните недели, Израел се подготвува за директен напад од Иран. Нашите одбранбени системи се распоредени – подготвени сме за секое сценарио, и дефанзивно и офанзивно. Државата Израел е силна. ИДФ се силни. Јавноста е силна“,рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва во обраќањето до јавноста.

Ројтерс, пак, повикувајќи се на три безбедносни извори, објави дека неколку беспилотни летала се видени како летаат од правец на Иран над ирачката провинција Сулејманија.

Поради страв од ирански напад врз Израел, Јордан и Ирак вечерва го затворија својот воздушен простор, пренесува Sky News.Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден редовно добива нови информации за нападот со беспилотни летало што го започна Иран.

Поврзани објави
Total
0
Share